Косово денеска им оддава почит на косовските граѓани кои вчера загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја прекина посетата на Јапонија и објави дека го прогласува денешниот ден за Ден на жалост.
Десет лица загинаа, а 44 се повредени во несреќен случај кај Славонски Брод кога автобус слета надвор од патот.
Станува збор за граѓани од дијаспората, кои патувале од Франкфурт до Приштина со автобус на компанијата од Дева Турс од Ѓаковица.
Хрватската полиција и обвинителството кои отворија истрага, велат дека причините за слетувањето на автобусот објавија дека возачот, кој признал дека „заспал за момент“ зад воланот, бил уапсен.







