Три дена по објавувањето на нејзиниот твит за средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Твитер профилот на американската амбасадорка Кејт Брнз се уште стојат тешки навреди кон неа од кои некои се и на сексуална основа.
Поводот за навредите беше информацијата од Брнз која објави дека Мицкоски го брофирала за Извршната наредба на претседателот Бајден за Балканот во која покрај за Северна главна тема е корупцијата.
“Извршната наредба на Администрацијата на Бајден е посветена на борбата против корупцијата и јакнење на демократските институции, важни приоритети кои сите политички партии во Северна Македонија треба да ги прифатат за да може земјата да стане членка на ЕУ и да се подобри животот на сите граѓани”, твитна амбасадорката на САД во земјава.
Дел од коментарите не се препорачуваат за читање.
Met with VMRO-DPMNE President @MickoskiHM today to brief him on the new Executive Order for the Western Balkans.
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) July 22, 2021






