„Лага, поголема лага, статистика“ е популарната дефиниција за гранката на математиката што се занимава со прибирање и интерпретација на податоци, која доведува до противречен впечаток кога ќе се употреби за просечната плата во Македонија.



Власта се пофали дека таа во јуни годинава достигнала „астрономски“ 28.721 денари, што и понатаму е помалку од ветените 30 илјади уште пред парламентарните избори во 2016 година.

Според Државниот завод за статистика, речиси две третини или нешто над 63 проценти од вкупно 794.909 вработени лица лани земале помалку од 20 илјади денари.

Најголем број од вработените или 207.442 вработени минатата година месечно на својата сметка добивале меѓу 16 и 20 илјади денари.