Во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово во близина на Славонски Брод, загинале 10 лица.
Уапсен е возачот на косовскиот автобус кој денеска излетал од автопатот во близина на Славонски Брод во Хрватска и во која загинаа девет патници и другиот возач, а 45 лица се повредени.
Возачот изјавил дека „заспал за момент“.
Првите полициски информации беа за тројца мртви, но потоа бројот на мртви се зголеми на осум, а потоа полицијата пријави за 10 мртви, објави Индекс.хр, а полицијата исто така утврди дека не станува збор за македонски автобус, како што беше првично јавено.
„Од повредените 45 лица 15 се сериозно, а меѓу нив има и едно девојче, изјави денеска хрватскиот министер за здравство, Вили Берош.
По посетата на местото на настанот и болницата во Славонски Брод каде се згрижени повредените, тој рече дека во несреќата учествувале 69 лица, од кои 67 биле патници и двајца возачи, пренесува Индекс.хр.







