Македонија се надева дека направи доволно за да ја убеди Европската унија да ги започне разговорите за пристапување, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Грција стави вето на обидите на поранешна југословенска република да се приклучи и на ЕУ и на НАТО и тврди дека името Македонија подразбира територијална претензија кон грчкиот северен регион, Македонија.
Предлогот на Македонија од минатиот месец да го користи името Поранешна Југословенска Република Македонија или ПЈРМ, како што тоа го правеа и во другите меѓународни тела, не беше „веднаш прифатен” од Грција, изјави Димитров за Ројтерс.
Двете страни треба да се состанат повторно кон крајот на овој месец на Генералното собрание на УН во Њујорк. Без оглед на исходот, Македонија сака ЕУ да се согласи дека разговорите за пристапување -кои би можеле да траат со години – би можело барем да се одвиваат.
Се надеваме дека ќе стигнеме до таа фаза (да ги почнеме разговорите за пристапување во ЕУ) и паралелно да се справиме со проблемот со името, рекол Димитров.
Грција претходно инсистираше на тоа Скопје да користи сложено име, како што е „Нова” или „Горна” Македонија, пренесува Ројтерс.
За НАТО, тој рече дека не можеме да војуваме во НАТО, мораме да преговараме, а Атина да не прифати како сојузник. Според Димитров, долгорочен интерес за Грците е да имаат законски уредена држава на северната граница.





