Како Меркел излезе од политичката бездна по бегалската криза?

Многу луѓе сакаат слика за Германија како модел на хумана држава, но истовремено, тие знаат дека земјата не може да продолжи да прима бегалци како порано. Токму таквите чувствата, Меркел успева да ги помири и да ги искористи.



Кон крајот на предизборната кампања на северот Германија канцеларката Ангела Меркел го загатна прашањето на бегалската криза во Европа во 2015 година и на јавноста и понуди двојно смирувачка порака.

Германија треба да се гордее со топлото добредојде за стотици илјади баратели на азил, од кои многумина бегаа(т) од војната и прогонот на Блискиот Исток, изјави таа за околу 1.000 луѓе во рибарското село Штајнхуд за потоа да го смени вордингот и да порача дека она што се случи во 2015 година не може и не треба да се повтори.

Оваа фраза Меркел континуирано ја повторува низ плоштадите низ Германија во  кампања за изборите на 24 септември, на кои сите очекуваат токму таа да победи, пишува Ројтерс.

Две години откако ги отвори границите на Германија за барателите на азил, за да се спречи хуманитарна катастрофа, поради што нејзината популарност нагло падна, Меркел успеа да се извлече од најдлабоката бездна на својата политичка кариера. Постојат многу фактори за ова враќање на довербата во јавноста. Но малку од нив се толку важни како нејзините вештината да ја заврти темата за бегалската криза на начин што ќе прифатлив за повеќето Германци, независно дали ги одобруваа или ги осудуваанејзините потези во 2015 година

Канцеларката која од Германците бара четврт мандат сега изјавува дека не е за отворени граници што совршено се вклопува со расположението на јавноста во земјата, вели Робин Александер, автор на бестселерот за политиката на германската влада кон кризата со бегалците.

Кон крајот на 2015 година во Германија влегоа 890 илјади баратели на азил, многу од нив без редовни лични документи, што се покажаа како товар на локалните заедници.

Таа политика на Меркел ја подели Германија, но и Европа, и доведе до зголемување на антиимигрантските чувства, како  до растење на популарноста на екстремнодесничарските и антиемигратнтските партии.

Денес, 63 отсто од Германците велат дека Ангела Меркал добро си ја сработила својата работа, покажува истражувањето на Фондацијата Бертелсман, а 59 отсто сметаат дека земјата се движи во вистинска насока.

Патот беше долг и тежок, но дојдовме до точка кога прашањето на бегалците веќе не е негативно за Меркел во изборната кампања, заклучуваат од Фондацијата.