Австрискиот канцелар Себастијан Курц процени дека корона вирусот ќе остане, и тоа не само една година.
Тој додаде дека неговата влада ќе одговори на тој предизвик како и досега со политиката на што повеќе слободи, а ограничувања колку што е потребно.
„Овој вирус ќе остане. Тој ќе биде меѓу нас за една година, за три или дури пет години, изјави Курц за„ ТВ Сервус.
Тој истакна дека правилата за уживање во слободите ќе продолжат да се применуваат низ цела Австрија и тие се или потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид-19 или негативен тест.







