Следува ли истрага: Американски бизнисмени откриваат корупција во владини тендери и правосудството

Американски бизнис фактори идентификувале корупција во владини тендери и правосудството.



Ова го открива извештајот на Стејт Департментот за инвестициите во Македонија а го потенцира членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Игор Гила Николов.

Според извештајот меѓу тие што идентификувале корупција во владините тендери и во правосудството не се само американски бизниси туку и други но Стејт Департментот не открива кои се тие бизниси ниту за каков вид на корупција се работи.

Владата денеска реагираше дека борбата против корупцијата е приоритет но не кажа директно дека ќе поведе истрага за наовидтњ на странски меѓу нив и американски бизнисмени.

Индициите дадени од релевантниот извештај на Стејт Департментот на САД е доволна причина владата да почне темелна истрага.

Доколку нема истрага јасно е дека Владата има други приоритети од тие за кои се залага јавно.