Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја дочека на нож објавата за предизборна коалиција на владините партнери СДСМ и ДУИ за локалните избори во октомври.



„Предизборната картелска коалиција СДСМ-ДУИ објавена вчера е јасен сигнал за стравот на две партии кои ги изгубија народната поддршка и легитимитетот во рамките на сопствените заедници, по повеќегодишната корупција и заробувањето на државата“, коментира Села на Твитер.

„Како и картелите, СДСМ-ДУИ користат државни ресурси за трговија и купување гласови, ограничување на политичката конкуренција и овековечување на заробувањето на државата. Луѓето се уморни од практиките што наликуваат на колузивна мафија. Заедно со граѓаните, ќе ги осудиме ваквите практики и ќе ја вратиме довербата на јавноста во Владата“, додава првиот човек на најголемата опозициска партија на Албанците во Македонија.