„Во ниту една од државите на ЕУ не постојат критериуми кои соодветствуваат на предложените измени (во Законот за државјанство поднесени од Владата со европско знаменце) како платени сметки за вода, струја, лекар, штедни книшки, школо, непознавање на јазикот…, се вели во реакцијата на координативното тело на Македонците во светот која ја објави МКД.Мк.
„Колку за споредба, главни критериуми и услови во Европа за државјанство се престој во државата од 10 до 12 години, успешно интегрирање во системот и неповредување на правниот систем , да не претставува закана по внатрешната и надворешна безбедност на државата, почитување вредностите на нацијата, многу добро познавање на јазикот Б1 (според европскиот систем на класификација на познавање на јазиците – СЕРЛ)… Така е во Швајцарија, Франција, Белгија, Италија…
Во суштина , целта на донесувањето на овој закон кој првично беше предложен од албанските политички структури, е задоволување на нивните апетити и враќање на предизборниот долг на владејачката партија спрема нејзините коалициони партнери, а кое воедно е и дел од таканаречената Тиранска платформа.
Со тој подмолен политички чин кој де факто ќе биде увертира за претстојниот најавен попис на населението, буквално ќе се создадат сите услови за дезинтеграција и федерализација на Република Македонија.
Имајќи ја во предвид, сериозноста и опасноста од предложените владини мерки, ги повикуваме македонските политички сили во Собранието и надвор од него, да го оспорат и бојкотираат овој антиевропски закон за државјанство, а воедно и да го спречат и одложат најавениот Попис за попишување на сите „Албанци “ надвор од државата“, се вели во соопштението на координативно тело на Македонците во светот од Женева, Лондон, Брисел, Њујорк и Мелбурн.






