Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) ги објави последните промени поврзани со ширењето на коронавирусот. Земјава сѐ уште е во портокалова зона каде што уште се и поголемиот дел од Данска, помалите делови на Шведска и Финска како и цела Франција, мал дел од Италија, и повеќе од половина од Грција.

Како и минатата недела, хрватскиот брег е сè уште портокалов, додека континенталниот дел на оваа земја е во зелената зона.
Во црвената зона се наоѓаат Португалија, повеќе од половина од Шпанија, Ирска, Луксембург, третина од Холандија, дел од Грција (Лефкада, олимпискиот регион, Кефалонија, Закинтос), мал дел од Данска и од Малта.





