Падна договор: СДСМ и ДУИ заеднички на локалните

„Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори“, соопшти премиерот Зоран Заев на Фејсбук откако денеска имал, како што вели, одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети.



„Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба.

Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг“, напиша Заев. (ТВ21)