На новинарско прашање околу тоа дали владејачката партија размислува да кандидира Албанец за градоначалник на Тетово, премиерот Заев откри дека тројца од петмината кои трчаат за кандидатурата на СДСМ веќе се Албанци.
Заев вели дека тие се номинирани од општинската организација, но следуваат анкетите и мерењата на рејтинзи кои ќе покажат кој треба да биде кандидатот.
“Во едни такви околности, јас лично би бил среќен ако имаме кандидат Албанец кој би бил фаворит”, истакна Заев, додавајќи дека само тогаш може да се инсистира да се оди со сопствениот кандидат.
Во последната анкета на ИРИ за Тетово, потенцираше Заев, води ДУИ со 14 проценти, а СДСМ е на второто место со 12% поддршка кај електоратот.
Заев најавува дека тој ќе застане зад кандидатите на СДСМ на изборите, но ќе се има предвид и коалицијата со ДУИ и Беса.






