Според текст на The Wall Street Journal, Југославија за само 3 недели успеала да вакцинира 18 од 20 милиони жители за време на епидемијата на Вариола вера во 1972 година, последната пандемија во Европа.
Др Куленовиќ: Во СФРЈ во 70-те за два месеци беа вакцинирани 18 милиони луѓе
Денес, државите кои се наоѓаат на екс-ЈУ просторот, за повеќе од 6 месеци заедно немаат вакцинирано над 5,5 милиони, објави Стефан Василевски, лекар и национален консултант за имунизација против КОВИД-19 за УНИЦЕФ МК, на својот Фејсбук профил.
П.С. Факт е дека во Југославија владеењето било авторитарно и за тоа нема оправдување, но една од причините зошто духот на екс-ЈУ до ден денес живее од Љубљана до Скопје, од Загреб до Белград, итн, е токму поради фактот дека можеби заедно сме биле далеку посилни од разделени. Денес, ни направија мини-Југославија преку Западен Балкан, но ете и да „не не сакаат во ЕУ“, оправдување нема. Здружени можеме повеќе. И нормално, како што си кажаа над 80% од младите едно истражување дека едноставно сакаат „лидерство со цврста рака“ што не значи АВТОРИТАРНОСТ и популизам, туку одлучност, храброст и кохезивна (инклузивна) визија за сите групи граѓани на Македонија, пишува Василевски.
ФАКТ ПЛУС: Исто така, во Њу Јорк во 1947 година се вакцинирани 6 милиони за 3 недели, а во 2021ва година за истата бројка беа потребни скоро цели 4 месеци!







