Тројца од СДСМ ќе трчаат за градоначалник на Аеродром

Вчера уште еден член на СДСМ , Дејан Павлески, актуелен директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, поднел кандидатура до партијата за градоначалник нма Општина Аеродром, дознава Скопјеинфо



Тој е трет по ред откако Александар Филиповски и актеулениот градоначалник Златко Марин објавија на фејсбук дека и тие поднеле кандидатури.

Сите потенцијални кандидати се сигурни дека ќе ја добијат поддршката од месните комитети, но се чека да добијат поддршка и од претседателот на партијата.