Денеска ќе се оддржи првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент по предвремените парламентарни избори, што се спроведоа на 11 јули, јави дописникот на МИА од Софија.
Мика Зајкова, која е најстара пратеничка, ја отвори работата на 46-тото Национално собрание,
Да работиме за сонот на народот – за просперитетна Бугарија, за народ кој има достоинствен живот и е достоен член на ЕУ.
Со овие зборови Мика Зајкова од „Има таков народ“ го започна својот говор во парламентот БГНЕС.
Потоа ќе следи изборот на претседателот на новото Национално собрание.
Партијата „Има таков народ” на шоуменот Слави Трифонов се очекува повторно да ја предложи Ива Митева за претседател на 46. Народно собрание.
Според бугарскиот Устав, за формирање на нова влада мора да се обезбедат 120 пратеници. Засега, „Има таков народ”, со 65 пратеници, може да ја обезбеди поддршката на „Демократска Бугарија” и „Стани. Мафијата надвор ” со 34 и 13 пратеници, што нема да биде доволно за формирање самостојна влада.
Не е исклучено тие да побараат поддршка од една од традиционалните партии (ГЕРБ, БСП и Движењето за права и слободи – ДПС) со цел да го имаат потребниот број пратеници за мнозинство.
Доколку пратениците не можат да изберат нов претседател на Народното Собрание, поранешниот премиерот Бојко Борисов смета дека тоа ќе биде чекор кон нови трети парламентарни избори годинава.
Според законот, привремената влада на Бугарија мора да поднесе оставка на првиот ден од новоизбраниот парламент и да работи до изборот на редовна влада.






