Заев го трга Жерновски од Центар

Актуелниот градоначалник на општина Центар, нема да трча како независен кандидат на локалните избори за уште еден мандат. Тој ќе се повлече во корист на кандидат на СДСМ.



Премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 синоќа откри дека Жерновски ќе ја повлече својата кандидатура и ќе станел дел од извршнта власт.

Премиерот не откри каква функција ќе добие сегашниот градоначалник и кога тоа ќе се случи.

Во општина Центар решивме да одиме со свој кандидат, рече премиерот според кој за ова била постигната согласност и со Жерновски.

Стануваат се поизвесни нагаѓањата дека директорот на ПОЦ (Паркинзи на Општина Центар) Саша Богдановиќ, ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар.