Ќе забранат ли веселби во затворен простор?

Комисијата за заразни болести денескаќе одлучува дали ќе се воведат „рестрикции“ за забави во затворен простор, по порастот на бројот на новозаразени по свадба и по семејна веселба во Тетово.



Ќе се разгледува и можноста за засилени контроли на границите, за воведување на мерка за влез во Македонија само со негативен ПЦР-тест или со потврда за вакцинација.

Надлежните служби уверуваат дека состојбата со коронавирусот во Македонија е стабилна.