Донацијата фрижидер што шефот на Македоноскиот полициски синдикат ја подарил на полициската станица во Кавадарци каде началничка е неговата сопруга предизвика масовни шеги на социјалните мрежи на сметка на целата полиција на Оливер Спасовски иако најголем број од полицајците не се виновни за срамната донација.
Сликата со која МПС се пофали дека донирал форжидер предизвика голем број луѓе на социјалните мрежи на ироничен начин да понудат свои донации за полициските станици.
Засега нема донации во оружје или муниција но има во правосмукалки, решоа, бојлери и други апарати за домаќинство.
Еве дел од шегите на сметка на полицијата на Спасовски.
Имам Ровента фен нов неотпакуван, ако има некоја полициска станица заинтересирана да го донирам слободно нека ме контактира!
— ▢_Боки_▢ (@spejs_fraerot) July 18, 2021
Имам решо Фуего, со две рингли, ако има некоја полициска станица заинтересирана да го донирам слободно нека ме контактира.
— Uzurpatorot (@DarkOnchevski) July 18, 2021
Фрижидери, микробранови, апарати за кафе… по е следно, да снимаат нова серија очајни домаќинки? https://t.co/yuqZxIeuIm
— Toto (@realTotoMK) July 18, 2021
Имам Горење смукалка, нова неотпакувана, ако има некоја полициска станица заинтересирана да ја донирам слободно нека ме контактира! https://t.co/MehbvgRRSj
— AnaStevano (@StevanoAna) July 18, 2021





