Кандидатот за наследник на канцеларката Ангела Меркал се извини за снимката на која може да се види како се смее додека претседателот Франк-Валтер Штајнмаер дава изјава за време на посетата на областите тешко погодени од поплавите.
„Судбината на погодените, за која сме слушнале во многу разговори, е важна за нас. Затоа жалам уште повеќе заради впечатокот … Беше несоодветно и жал ми е”, напиша тој на Твитер.
Лашет е гувернер на Северна Рајна-Вестфалија, една од двете земји најпогодени од поплавите.
Тој вчера го посети градот Ерфштад со претседателот Штајнмаер. Додека претседателот даваше изјава за медиумите, Лашет стоеше позади, а фотографиите покажуваат дека тој се смее со другите членови на делегацијата што беше во посета.






