Зоран Заев би пиел кафе со Никола Груевски

Апсењето не е работа на извршната власт, тоа е работа на правосудството. Со секој би испил кафе и би разговарал и со лидерот на опозицијата за доброто на Македонија. Дијалог мора да постои, но секој да одговара за стореното“ рече премиерот Заев на вечерашната емисија на ТВ 24, пренесува Макфакс.



Заев вети борба против корупцијата и порача дека тој што згрешил по закон, мора да одговара.

„Охрабрувам директно кај мене, кај генералниот секретар и кај граѓанските организации, чинителите во правосудниот систем да пријават доколку некој врши притисок врз правосудството“ рече Заев.

Претседателот на Владата рече дека нема предрасуди и дека се што е добро, ќе го пофали.