Тензии меѓу СДСМ, БЕСА и ДУИ за Касами под Шара

Партијата Беса му се заканува на СДСМ, така што бара поддршка за Билал Касами во Тетово за локалните избори или ќе има владина криза.



Вчера висок партиски функционер на БЕСА за тв 24 изјави дека доколку премиерот Зоран Заев заземе страна на локалните избори меѓу нив и ДУИ, тоа сериозно ќе има последици по Владата. Заев најави дека за коалиција на локалните избори ќе има услови, и нема да биде бланко. Од ДУИ не излегоа со став за заканите на Касами, пренесува фактор.мк.