Заев: До крај на месецов ќе бидат готови коалициските договори со ДУИ, БЕСА, ДПА

Претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 изјави дека до крајот на месецот ќе бидат готови коалициските договори со албанските партии.



„Немам се уште одговор, но се надеваме дека ќе постигнеме до крајот на овој месец. Со ДУИ, БЕСА и ДПА. Таму каде што имаме повеќе кандидати од нашата коалиција, тој што ќе влезе во вториот круг логично е да биде поддржан од сите коалициони партнери“, порача Заев за ТВ21.