Бритни Спирс (35) е во врска со моделот Сем Aсхарием (23) од  декември минатата година. Сем тајно се договорил пред неколку недели и ја однел својата сакана на пластична хирургија во Лос Анџелес, а Бритни била воодушевена по интервенцијата и е многу среќна со резултатите од новиот изглед. Моделот и пејачката вежбаат заедно и Сем смета дека Бритни го довела своето тело речиси до совршенство, но на Бритни и пречел мал детал за да биде целосно задоволна. Тоа биле бујните гради, а тоа не можела да го постигне со вежбање, па затоа се решила на пластична хирургија.




Бритни и Сем наскоро планираат свадба и во рамките на подготовките за големиот ден, ова не е единствената желба исполнета од нејзиниот иден сопруг, а сигурно нема да биде и последна. Тие неодамна беа снимени како уживаа во Дизниленд со синовите на Бритни, Џејден Џејмс и Шон Престон. Пејачката децата ги има од првиот брак со танчарот Кевин Федерлајн. Тие беа во брак, само две години.