Пензиите се зголемуваат за 1,2 проценти!?

Со редовното усогласување кое се прави два пати годишно, пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија.



Усогласувањето на пензиите се прави согласно порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2 насто.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија, пренесува Инфомакс.

Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.