Сајковски бара отчет за 16 милијарди евра потрошени од СДСМ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Сајковски бара одговор од власта каде се потрошени 16 милијарди евра во последниве 4 години колку на власта е Зоран Заев.



Од партиска трибина одржана во Прилеп генсекот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека власта мора да даде отчет како се трошат огромните народни пари.

Според Сајковски огромен дел од буџетите на владата на СДСМ одат на клиентелизам и поткуп а се трошат на целосно некорисни активности на владеачките партии од кои граѓаните немаат никаква корист.