Штипска „Баргала“ оди под стечај ?

Основниот суд во Штип ќе одлучува дали фабрика за чевли „Баргала“ ќе оди во стечај.



Сметките на Баргала се блокирани подолго од 45 дена, а на работниците им должат три плати.

„На должникот `Баргала АД Штип` му е определена општа забрана за располагање со која му е забрането да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот“, стои меѓу другото во објавата на фејсбук страницата на Сојузот на синдикати на Македонија.

Пред околу еден месец „Баргала“ подели 100 откази на свои работници поради кршење на работен ред и дисциплина. Од раководството тогаш за ТВ 24 рекоа дека работниците три дена не се појавиле на работа и покрај тоа што тие тврдеа дека им било кажано да седат дома додека не бидат повикани. 

Отказите на 100-те работници трбаше се најдат и пред обвинителството. Синдикатот смета дека се поделени незаконски, бидејќи на работниците им било кажано дека се повик.

И директорката на УЈП, Сања Лукаревска рече дека фабриката е под лупа на оваа финансиска институција. Вршени се контроли не само на персоналниот доход и неисплатените плати туку и на данокот на добивка.