Борисов не сака да биде ни пратеник

Досегашниот бугарски премиер во три мандати, Бојко Борисов одбил да биде пратеник во новиот бугарски парламент.



Тој одлуката за тоа ја донел и ја известил Централната изборна комисија пред објавување на конечните резултати од неделните предвремени избори што предизвика своевиден скандал, но на крајот неговата оставка била пшрифатена.

Првично, комисијата одби да ја прифати апликацијата на Бојко Борисов, но по повторното гласање, конечно билое решено да не биде прогласен за пратеник.

Централната изборна комисија ги објави конечните изборни резултати и распределбата на местата во 46-то Национално собрание:

Партијата „Има таков народ“ ќе има 65 пратеници,

ГЕРБ-УДФ – 63.

Пратеничката група на „БСП за Бугарија“ ќе има 36 пратеници,

„Демократска Бугарија“ – 34,

ДПС на Ахмет Допган – 29

МРФ или „Исправи се , мутри надвор – 13.

Бројот на гласачи кои заокружиле „Не поддржувам никого“ е 35.201.