СДК: Дијареа го врати случајот „Тендери“ на почеток

Судењето за случајот „Тендери“ се враќа на почеток откако вчера една обвинета имала пролив, и не дојде на завршните зборови, а денеска Судскиот совет го разреши поротникот Митко Сандев, кој наврши 60 години, пишува порталот СакамДаКажам.



Во случајот е обвинета и ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Случајот „Тендери“ за незаконски јавни набавки при изградбата на Музејот на ВМРО во Основниот кривичен суд се влече речиси 4 години.

Поради пензионирањето на поротникот, на почеток се враќаат и најголемиот предмет на поранешното СЈО „Титаник“, потоа „Талир 1“ и „Талир 2“ и „Топлик“.