Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, велејќи дека цивилите се оставени да бидат „колени“ од талибанците.
„Авганистанските жени и девојчиња ќе страдаат… Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат оставени да бидат колени од овие многу брутални луѓе и тоа ми го крши срцето”, изјави Буш за Дојче веле.
Силите на САД и НАТО започнаа да се повлекуваат од Авганистан на почетокот на мај и тие мора да бидат целосно повлечени до 11 септември, речиси 20 години воено присуство во таа земја.
По терористичките напади врз „Кулите близначки“ во Њујорк на 11 септември 2001 година, републиканскиот 43-ти претседател на САД, лично нареди инвазија на Авганистан како операција за борба против тероризмот.







