Турција од Македонија бара испорака на 86 соработници на Фетулах Ѓулен

Македонија да ѝ предаде на Турција 86 лица, турски државјани, кои се осомничени за поврзаност со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен (ФЕТО), побара Анкара преку турската амбасада во Скопје.



Турција го смета Ѓулен за организатор на обидот за државен удар во земјата пред пет години.

„Вкупно за 86 лица се бара депортирање од земјата, за 20 од нив се бара екстрадиција. Сите овие барања се испратени до надлежните на С. Македонија, но засега не е преземен чекор во оваа насока, изјави турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок на денешната прес-конференција по повод 15 јули – Денот на демократијата и националното единство на Турција.

Амбасадорот вели дека „структурите на ФЕТО продолжуваат да бидат присутни во земјава затскриени зад превези како образовни институции и трговски друштва, рече амбасадорот Секизќок, пренесе Телма