Филипче вели не згрешил за пациентката во тракторска приколка

Фотографијата на која медицинска сестра вакцинира повозрасно лице кое седи на трактор покрена дебата на социјалните мрежи, па сметам дека е добро јавноста да ја знае позадината на целата случка, пишува министерот Филипче откако доби стотици критики за фалбата на социјалните мрежи за вакцинирање на граѓани во трактор.



“Станува збор за брачен пар кој живее во планинските колиби, место над село Ратево, Беровско. Местото е тешко пристапно, а лицата кои се вакцинираат на сликите воопшто не побарале асистенција или превоз од локалниот Здравствен дом во Берово.

Тие одлучиле самите да  дојдат на вакцинација до пунктот и се појавиле на местото. На пунктот имало санитетско возило со фрижидер за теренска вакцинација и биле вакцинирани целосно безбедно, спротивно на тоа што сака да се прикаже во јавноста.

Повозрасната жена бидејќи не била во можност да се симне од тракторот, за да не се малтретира, медицинската сестра се качила на приколката за да ја вакцинира. Јас сметам дека тоа е гест за поздравување, а не за осуда”, напиша Филипче на Твитер.

Предходно Филипче беше остро критикуван од стотици луѓе за објавената фотографија која требаше да прикаже дека министерството што тој го води работи добро.

Баба во тракторска приколка и нова хаварија на ПР-от на Филипче (ФОТО+КОМЕНТАРИ) )