Лидерот на победничката партија на поседните избори во Бугарија, „Има таков народ“ на Слави Трифонов, доби „корпа“ од три партии кои влегуваат во идниот бугарски парламент (Мутри надвор, Демократска Бугарија, БСП)откако изјави дека сака да формира малинска влада со освоените нешто над една четвртина пратенички места.
Се појавија шпекулации дека сепак Слави Трифонов би можел да формира влада со поддршка од ГЕРБ на Борисов (второпласирана) и на „турската ДПС.
„Поддршка за Слави Трифонов – никогаш, остануваме во опозиција“ изјави денеска категорично Бојко Борисов.
ГЕРБ – втора политичка сила – веднаш ќе го врати мандатот за формирање влада и во никој случај нема да поддржи влада на „Има таков народ“.
Самиот Бојко Борисов, најверојатно, нема воопшто да влезе во парламентот, кој вчера ги информираше медиумите дека утре е повикан на распит во полиција.







