Јулските сметки за струја ќе бидат со новата цена на струјата, зголемена за 12,4 отсто, но без намалено ДДВ, бидејќи законот за најавеното намалување данокот од 18 на 5 проценти се уште не поминал во Собрание.
Новата цена на струјата важи од 1 јули.
Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека додека не се донесе законското решение, сметките ќе се пресметуваат со ДДВ од 18 %.
И од ЕВН, за Сител го потврдија истото.
Законот за намалување на ДДВ-то ја помина комисиската расправа во Собранието, но пленарна седница најрано може да се најде на 17 ти или на 22 јули. Откако парламентот ќе го донесе законот, истиот треба да биде објавен во службен весник по што ќе може да стапи во сила.







