Се менува законот: Лични карти со Република Македонија ќе важат до 2024-та

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање.



Со законските измени, личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на почнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Со измените законското решение се усогласува со Законот за употреба на јазиците и со уставните амандмани што произлегоа од Преспанскиот договор, односно во личните документи да стои новото уставно име на државата.

„Со оглед на фактот што Република Северна Македонија е мултиетничка држава, во која живеат припадници на повеќе етнички заедници, а во релација со донесувањето на  Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 7/19), истите правото на издавање на личната карта (во поглед на јазикот на кој ќе се издава образецот на личната карта, како и јазикот на кој ќе се испишуваат податоците во неа), можат да го остварат и на јазикот и писмото кои тие ги употребуваат.