Хаџигенов: Нема да учествуваме во Фејсбук република, веројатно ќе одиме на нови избори

По најавата преку социјалните мрежи од Слави Трифонов лидерот на „победничката“ партија „Има таков народ“ дека ќе состави влада без да коалициира со други, реагираат помалите партии кои влегуваат во парлементотт по неделните избори во Бугарија.



„Одбиваме да учествуваме во република на Фејсбук, во телевизиска република, во шоу република. Благодарам Ова е нешто против што се бориме 12 години, нема да го дозволиме тоа повеќе“, изјави за БНР адвокатот Николај Хаџигенов од парттијата „Излези. Мутри, надвор, која е четвртопласирана на изборите.

Тој вели дека е апсурдно е некој да им „нафрли“ влада на Фејсбук и смета дека станува збор за диктаторски пристап на ТРифонов, во стил на „Борисов“.

На прашањето дали неговата партија има интерес Слави Трифонов да не успее и што следува потоа, Николај Хаџигенов посочи дека „можеби доаѓа вистинската демократија“ и вели дека она што се случи во претходните избори и сега не е демократија.

„Очигледно Слави сака да ја оствари идејата за мнозинство – да направи свој ГЕРБ и сите да носат зелени гаќи, ако така одлучил суверенот.“

Веројатно одиме на предвремени избори, освен ако ГЕРБ не одлучи да ја поддржи владата на Слави Трифонов, тогаш тоа ќе биде интересно, рече Хаџигенов, пренесуваат бугарски медиуми.