Долгогодишниот дигестивен хирург и професор на Медицинскиот факултет, доктор Ѓорги Јота, кој пред неколку месеци, додека одел на Клиника, надвор од работното време за да посети пациенти кои ги оперирал претходниот ден, беше прегазен од малолетник без возачка дозвола и тоа на пешачки премин.
Но, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, одбил да му ги покрие трошоците за лекување и рехабилитација во Љубљана иако љубљанскиот Завод за физикална терапија е единствениот во Јужна Европа кој работи на проодување со робот, пишува Слободен печат“
Малолетникот уште не е осуден, а доктор Јота од свој џеб за рехабилитацијата во Љубљана платил 12 илјади евра, бидејќи формално правно, како што навеле правниците на ФЗОМ, рефундација не му следувала за рехабилитација.
Меѓутоа, како што вели тој за „Слободен печат“, самата рехабилитација во Љубљана, за него била и лекување, затоа што благодарение на методата што ја користеле тамошните доктори, успеал да прооди за само два дена. Истото не можел да го направи во Македонија со месеци.
Тој за „Слободен печат“ вели дека после 35 години хируршка работа и спасени илјадници животи, смета дека заслужил не отстапка, туку да се олеснат условите за неговото лекување во Љубљана, наместо да се занимава со бирократски процедури.






