Паријата на Слави Трифонов „Постои таков народ“ нема да коалицира со која било партија, ќе преземе политичка одговорност да формира независна влада.
Владата ќе биде составена од експерти кои ќе имаат приоритети, изјави денеска Слави Трифонов.
Во видео-обраќање кое го најави уште вчера, лидерот на „Има таков народ, вели дека вчерашните предвремени избори беа референдум:
Досегашниот систем репродуцира неморални луѓе. Освен моралот, ние се водиме и според законот. Ние се придржувавме кон законот, и покрај сите пречки, и организиравме референдум. Ова е прв референдум организиран од граѓаните. Гласаа 3,5 милиони Бугари. Волјата за промена на политичкиот систем беше повеќе од дефинитивна.
Тој ги наброја лицата за кои очекува да бидат дел од идната влада, која според Трифонов треба да ја предводи идниот премиер Николај Василев – поранешен вицепремиер и министер за економија во две влади, министер за администрација и државни реформи.
Инаку , лидерот на Има таков народ во однос на Македонија изјави дека не може да очекува преговори за ЕУ додека не го исполни потребното, а за посетата на Заев во Софија рече дека „се сретнал до неважни луѓе“







