Алијанса за Албанците: „За ‘црвените линии’ наспрема Бугарија да се расправа пошироко во Парламентот“
Опозициската Алијанса за Албанците смета дека е потребна поширока парламентарна дебата за Резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ и за нејзините „црвени линии“ во преговорите со Бугарија.
Во соопштението на Алијансата, кое го пренесува ТВ 21, се наведува: „Алијансата за Албанците оценува дека ваквите теми и интегративниот процес во исто време се многу сериозни, заслужуваат посериозен институционален третман и не можат да се донесуваат одлуки само врз основа на политички и партиски изјави. Ние сме во стручна консултација и со домашните фактори, но и со меѓународниот фактор, со цел да не се дозволи никаква случајна последица.“
„Расправи за ваквите теми не можат да се одиваат преку конференциите за печат од партиските седишта, туку е потребна вистинска дебата во највисоката законодавна институција во земјата. Да ги слушнеме сите детали, аргументите на партиите во Собранието и таму ќе ги откриеме нашите аргументи и ставови “ – се вели на крајот од ова соопштение на Алијансата за Албанците.





