Нова уште поостра декларација за решавање на спорот со Македонија, бараат бугарски академици. Она што е плус проблематично е нивното барање таа да влезе во официјалните документи на Европската унија, со што овој македонско- бугарски спор веќе не би бил билатерален, туку би бил и документирана кочница за напредокот на Македонија во евроинтеграциите.
Во декларацијата се наведени неколку барања, како услови кои мора да се исполнат за да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, а кои директно удираат по македонските национални интереси.
-Законски гаранции дека Договорот за добрососедство и обврските ќе бидат почитувани, откажување од малцински и територијални претензии, рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам кои наводно имале бугарска самосвест, промена на наставните програми во Македонија, отстранување на знаци и натписи и придржување кон клаузулата утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји за официјалниот јазик на Република Северна Македонија, пишува во новата бугарска декларација.






