„Политиката на Бугарија кон с. Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ“, рече Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје.
Запрашан дали Бугарија ќе ја отстрани блокадата за ЕУ Македонија, бугарскиот пшретседател Румен Радев денеска, на денот на праламентарните избори во Бугарија, порача дека „нашите пријатели од с. Македонија и раководството на земјата мора самите да ја отстранат блокадата“.
Според него тоа не зависело од Бугарија, туку од државата, РС Македонија, која мора да има јасни и одлучни активности.
„Таа не е бугарска, потребни ни се вистински, одржливи резултати за членство во ЕУ, за промена на учебници, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – кога ќе падне границата, нашите млади не треба да се мразат“, изјави тој.






