Федерацијата на фармери бара минималната цена на пченицата да биде 13 денари по килограм

13 денари по килограм да биде минамалната цена за пченицата е барањето од Националната федерација на фармери на самиот почеток на на жетвата. Толкава да биде откупната цена само доколку производната цена е повисока од откупна да се постапи согласно Законот за земјоделство и рурален развој, односно да се спроведе интервентен откуп.



На ваков начин, како што посочува Федерацијата, ќе се заштитат малите производители на пченица кои во најголем дел ја произведуваат пченицата, односно од вкупно 105.061 земјоделски стопанства, 104.853 се земјоделци кои произведуваат пченица на површина од два до четир хектари, а 208 се деловни субјекти.

Од Федерацијата бараат и зачестени контроли на откупните пунктови посебно во делот на издавање на кантарни белешки, склучување договори и почитување на берзанските откупни цени на пченицата.

За да не се доведе државата во ситуација да нема резерва на пченица, од Федерацијата препорачуваат Агенцијата за стокови резерви да излезе со информација колку резерви со пченица има и да спроведе постапка за откуп на пченица во текот на самата жетва.

Според анализите направени од Федерацијата, најголем проблем со кои се соочувуваат земјоделците се климатските промени, односно брзите промени на температурата и сушата, како и продажната цена.