Рекорд: Возач фатен со 3,87 промили алкохол во крвта што е еднакво на анестезија

Возач на кој му биле измерени рекордни 3,87 промили алкохол во крвта го постави македонскиот рекорд.



Според досегашните сознанија, најголемото количество алкохол во крвта кај учесник во сообраќајот измерено со дрегер изнесувало 3,83 промили.

Возачите во земјава не смеат да возат возило со повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта. 3,5 промили во крвта е веќе сериозен проблем и може да доведе до појава на кома.

Оваа количина алкохол е еднаква по својата сила со јачината на една анестезија за време на операцијата, пишува „Локално“.