Јанев: Се надевам ќе има влада по денешните избори

По втор пат во три месеци Бугарија денеска на предвремени избори гласа за нов парлемент откако, претходниот состав на 45-то Национално собрание не успеа да формира мнозинство за избор на влада.



Вкупно 23 партии и коалиции се борат за довербата на гласачите.

Се надевам дека ќе се формира влада по изборите изјави техничкиот премиер Стефан Јанев кој рече дека е направено се за да се спречи купување на гласови, пренесу БГНЕС.

Иднината на земјата, нејзините социјални, образовни, економски политики зависат од нас, ги повикувам сите да гласаат масовно, рече Стефан Јанев.

Анкетите предвидуваат дека во идниот состав на бугарскиот парлемент ќе влезат 6 партии, а водечки се „Има таков народ“ на Слави Трифонов“ и партијата ГЕРБ на БојкоБорисов која владееше десет години.

Македонските власти очекуваат во Бугарија да биде избран стабилен парлемент и валада, како чекор кон продолжување на дијалогот за одблокирање на преговорите на Македонија со ЕУ.