Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ преминува во Црвена Звезда. Фенербахче го пуштил високото крило иако имаше уште една година од договорот со Истанбулскиот тим и актуелен Европски првак. Доаѓањето на Антиќ во Белград е практично враќање во екипата во која настапуваше во сезоните 2005/6 и 2006/7 година кога успеа да освои еден пехар во купот на Србија. Црвена Звезда вечерва со соопштени објави дека постигнал договор за едногодишна соработка потенцирајќи дека со него добиваат квалитет и искуство, а патем се заблагодарува и за разбирањето кај првиот човек на клупата на Фенер, Жељко Обрадовиќ.




