Навивачката група „Комити“ со своето присуство на првата прозивка им даде поддршка на играчите на Вардар, кои во новата сезона првпат ќе настапуваат во Втората македонска фудбалска лига.



„За овој дрес треба да се гине! Нема да ве оставиме и да бидете во Втора, во Трета или во Петта лига. Ние сме тука со вас до крај. Ќе изгинеме со вас и ќе бидеме со вас и утре во Прва лига. Ќе се издигнеме пак заедно. Сплотени сите ќе се вратиме во Првата лига и пак ќе бидеме пак шампиони“, им порачаа на вардарци нивните навивачи пред тренингот на Националната арена „Тодор Проески“, со кој „црвено-црните“ ги стартуваа подготовките.

Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија во новата сезона влегува со ново раководство на чело со Слободан Крстевски, сопственик на компанијата „Блу скај“, со нов тренер – Горан Симов, како и со неколку познати имиња што ги бранеле боите на клубот.