Британскиот актер и режисер Ралф Фајнс доби српско државјанство, беше објавено во последниот „Службен весник“. На 7 септември беше потпишана одлуката на српската премиерка Ана Брнабиќ со која му е овозможено државјанството.
Во Белград, Фајнс го снима филмот за најголемиот балетан на сите времиња Рудолф Нурејев. Во 2010 година го снимаше филмот „Кориолан“ во Србија.

На 23 јуни Ралф Фајнс беше гостин на церемонијата организирана од српскиот претседател Александар Вучиќ по повод неговото назначување за претседател на Србија.




