Премиерот ја замени „беемвејката“ со маичка „Астон Мартин“

Крајно невообичаената пракса претседател на Влада да носи облека со натпис на странска компанија Зоран Заев ја продолжи и при денешната посета на Виница.



Овој пат наместо БМВ, кое го „промовираше“ додека со мотоцикл ја шпарташе државата со министерот за здравство Венко Филипче, премиерот се определи за маичка од британскиот производител на луксузни спортски возила „Астон Мартин“.

Детал што не помина незабележано од модните и други критичари…