Ворен Бафет, американски милијардер во неодамнешното интервју за Си-Ен-Би-Си објави дека доаѓа друга пандемија, што може да биде полоша од пандемијата Ковид-19.
Тој е убеден дека и покрај фактот што донекаде е надмината пандемијата, светот не е подготвен да се справи со вонредната состојба. Тој е уште позагрижен за економските последици од ковид-19, што најмногу ги погоди малите бизнисмени, пренесуваат медиуми.
„Милиони мали бизнисмени се страшно погодени“ – рече тој.
„Сите знаеме дека постои нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана и дека општеството сè уште не е подготвено да се справи со тоа“, рече Бафет.
Следува пандемија каква што не сме ја виделе порано, заклучува тој.







