18-годишниот струмичанец И.Ч. што ја прегази 20-годишната Верица Белчовска од беровско Русиново е осуден на казна затвор од 15 месеци.
Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.
Семејството Белчовски е незадоволно, најави жалба пред Апелација.
Казната на И.Ч. му е изречена за сторени тешки кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.





